Здравје

Откриена е причината зошто повеќето жени забременуваат за време на празниците

Познато е дека најмногу деца се раѓаат во август и септември, односно најмногу жени забременуваат за време на божиќните и новогодишните празници. Истражувањата покажуваат дека причината веќе не е сексуалниот однос. Доказите посочуваат дека тоа се случува затоа што спермата претпочита пониски температури.

Студијата објавена во списанието „Акушерство и гинекологија“ покажала дека квалитетот на спермата се подобрува во зима, во споредба со летото. Истражувачите откриле дека мажите имаат најздрава сперма во зима и за време на раната пролет, произведувајќи 70 милиони сперматозоиди на милилитар семе, во споредба со 68 милиони во доцната пролет. Исто така, сперматозоидите произведени во зима биле побрзи од нивните пролетни колеги. Поради ова, поверојатно е дека спермата ќе стигне до јајце-клетката на жената, што ги зголемува шансите за зачнување.

Корејско истражување од 2021 година спроведено на полицајци во нивните 40-ти и 50-ти години покажало дека во есен и рана зима, мажите имале највисоко ниво на тестостерон, додека најниските нивоа биле регистрирани во мај. Тимот открил дека нивото на тестостерон е под влијание на температурата и количината на дневна светлина.

Тестостеронот е машки полов хормон кој првенствено се произведува во тестисите. Сепак, рецепторите за тестостерон се шират низ телото. Помага да се одржи густината на коските, при распределбата на маснотии, мускулната маса, влакната на лицето и телото, сексуалниот нагон и производството на сперма, според Клиниката „Мајо“. Исто така, доведува и до подобри шанси за зачнување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top