Родителството е тешко, а за родителите со повеќе деца, уште потешко. И не само што е потешко, туку честопати мајките во семејства со повеќе деца немаат доволна поддршка од партнерот.

Една мајка, која ја споделила својата приказна на социјалната платформа „Редит“ кога нејзиниот сопруг не ѝ ја дал потребната поддршка, одлучила да го научи на вредна лекција.

– Здраво, корисници на „Редит“. Долго време ве читам, па мислам дека вие ќе можете да ми кажете дали сум или во право.

Мајка сум на четири деца. Знам, тоа се многу деца и тој факт не би го менувала за ништо. Децата имаат 10 години (машко), 9 (женско), 6 (машко) и 2 (машко). Не работам, седам дома и ги чувам децата, додека мојот сопруг работи од понеделник до петок, од 9 до 17 часот.

Во сабота тој е прилично опуштен. Се дружи со децата и излегува со момчињата навечер. Во недела имаме семејна вечера. Преку неделата јас сум сосема спротивното. Не се релаксирам. Многу сум зафатена и под голем стрес сум. Мојот сопруг е веб-девелопер. Кога ќе си дојде дома, седнува и се релаксира во остатокот од вечерта. Кога не се занимава со децата, не помага околу домот и се опушта бидејќи работел многу напорно, па е преморен.


Мојот нормален ден е будење во 5:30, туширање, кафе. Во 6:30 ги средувам алиштата, ги будам децата. Во 7:30 готвам и се грижам за 2-годишното дете. 8:00 часот – јадење, па правење ручек за сопруг, 8:30 ги будам децата и тие се подготвуваат за онлајн-учење. Од 9:00 до 11:00 појадок и чистење, помош на децата со училиштето, забавување на 2-годишното дете, расфаќање низ куќа и приготвување ужина. Од 11:00 до 12:30 приготвувам ручек, им давам јадење на децата, ги носам надвор додека го чистам дворот. 13:00 до 15:00 чистам и ги забавувам децата. Од 15:00 до 16:00 машина за алишта, од 16:00 до 17:30 приготвување вечера и готвење. 17:00 до 18:00 јадат сите, од 18:00 до 19:00 завршувам некои обврски откако ќе ги средам чиниите од вечерата. Од 19:00 до 20:00 време за бањање, ужина, рутина пред спиење. Од 20:00 до 21:00 ги легнувам децата, а од 21:00 до 22:00 расчистувам и си легнувам.

Сакам да кажам дека моите деца не јадат брза храна, ниту грицки. Сите работи ги правам сама бидејќи е поздраво. Добиваат од 30 минути до 1 час време за пред екран.

Се обидов да разговарам со сопругот за ова и му кажав што може да направи за да ми помогне, но тој ме игнорира. Но, минатиот петок навистина ме изнервира кога се налути затоа што му реков дека сум уморна.

Тој ми рече дека не ми треба пауза, дека мојата работа е лесна. Почнав да врескам, па наредниот ден тој се грижеше за куќата и децата, а јас се заклучив во спалната и играв видеоигри цел ден. Одбивав да ја отклучам вратата во текот на целиот ден.

Дали сум во право?“

 

Извор



912

X