Воспитување

Отишла во продавница по неколку ситници, се вратила со бебе в раце

Повеќето жени со часови трпат породилни болки и се мачат за да родат дете, но тоа не е случајот со Кејти Ковел (23) од градот Лидс во Англија. Имено, таа родила помеѓу полиците од продавницата „Морисон“ во рок од 10 минути.

Кејти отишла во продавницата во 40. недела од бременоста мислејќи дека промената на локацијата може да ѝ годи. Но, по само неколку минути станала мајка – родила момче на подот од продавницата.

„Поминаа 3 дена од терминот. Никогаш не сум се чувствувала толку непријатно – рекла Кејти и додала дека очајно ѝ требала промена на локацијата. Поминувала низ полиците на локалната продавница и ставала пелени и други потребни намирници во корпата.

„Кога почувствував морници, не размислував за породувањето. Но, потоа изненадувачки почувствував остра болка и се срушив на подот. Контракциите беа силни и брзи. Вреснав во агонија додека чистачката од супермаркетот – Черис трчаше кон мене за да ми помогне. Набрзо персоналот на болницата постави завеса околу мене за да ја заштити мојата приватност, а Черис не ме напушти. Вие тоа го можете – ми рече“, истакнала Кејти.

Новата мајка не можела да верува дека нејзиниот син ќе се роди во продавница во рок од 10 минути. Била изненадена колку брзо дошол на свет, а му дала име Себастијан.

„Болничарите се изненадија кога стигнаа неколку моменти подоцна и открија дека го пропуштиле целото породување. Ме одведоа во болница каде што го прегледаа Себастијан и, за среќа, сè беше во ред. Вработените од продавницата беа неверојатни, а дури ми испратија прекрасна кошница полна со работи потребни за бебето. Тоа беше навистина сладок гест“, рекла мајката.

Најдобро од сè, вели Кејти, е тоа што останала во контакт во Черис, чистачката која ѝ помогнала да го роди Себастијан. Беше покрај неа кога најмногу и требаше и брзо станаа најдобри пријателки. Затоа Кејти ја замолила да му биде кума на малиот Себастијан.

„Черис беше почестена и сега е дел од моето семејство. Дури заедно го прославивме и првиот роденден на Себастијан во Морисон. Сè уште не можам да верувам дека отидов во продавница да земам некои основни работи и успеав да родам бебе“, заклучила Кејти.

Автор: Хариет Булоу

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top