Здравје

Отечени нозе, прекумерно потење, несоница – предизвици на летната бременост

Крајот на бременоста е голем предизвик, а топлото време и летните горештини ја прават таа фаза уште потешка. Не можете да ги избегнете овие проблеми:

Стапалата и глуждовите ви се отечени како балони

Не можете да ги носите вашите омилени сандали? Отокот е чест во бременоста, особено во нозете, стапалата и зглобовите бидејќи вашето тело задржува повеќе течност од вообичаено. Топлото време го влошува овој проблем, па кренете ги стапалата секогаш кога ќе добиете можност.

Не можете да престанете да се потите

Сега се потите дури и на места каде што претходно не сте се потеле. Зад колената, над градите, на рацете. Потењето е зголемено бидејќи температурата на телото е повисока за време на бременоста. Седете под до сенка и на места со попријатни температури.

Често морате да одите во тоалет, но не стигнувате навреме

Хормонот релаксин што го лачи плацентата ве подготвува за породување. А тоа значи дека сè – од кашлање до смеење може да доведе до непријатен момент. Тоа е особено незгодно во текот на летото кога се носи полесна облека. Благодарение на лесните и воздушести влошки, овие ситуации повеќе не мора да бидат непријатни.

Веќе не ви одговара летната облека

Летото е идеално за фустани и комбинезони. Сепак, веројатно поради стомакот не можете да носите ништо од минатата сезона. Има само едно решение: купување нова облека. Купете фустани во кои ќе изгледате убаво и кои се удобни.

Необични црти на вашата кожа

Вообичаено во лето имате убав златен тен од сонцето, но тоа е минато сега кога сте бремени. Наместо тоа, на вашето лице и тело се појавиле темни дамки кои се претвориле во темни линии. Оваа состојба се нарекува „маска за бременост“ и се јавува поради дополнителните хормони кои предизвикуваат зголемување на пигментацијата. Оваа состојба може да се влоши од сончевата светлина, па затоа е подобро да избегнувате сончање.

Не можете да заспиете

Не само што не можете да најдете удобна положба за спиење, туку и понатаму ви е многу топло. Жешките денови се претвораат во жешки ноќи и сѐ што можете да направите е да лежите будни и да се обидете да се одморите. Сето ова е можеби поиритирачко бидејќи вашиот партнер цврсто спие покрај вас.

„Војувате“ со луѓето за климата

Температурата на телото ви е повисока и сте многу потопли од луѓето околу вас. Тоа може да биде особено незгодно ако работите со повеќе луѓе. Сакате да го поставите клима-уредот на најсилно, но на луѓето околу вас тоа им изгледа сосема неразумно. Секако дека ќе победите бидејќи сѐ уште сте бремени.

Триење на бутовите

Како дополнителното потење за време на бременоста да не е доволно тешко, се јавува уште еден проблем – триење на бутовите. Дополнително потење значи дека вашата кожа никогаш не е сува. Веројатно поради тоа ќе добиете исип на кожата. Обидете се да носите боксерки под фустаните и користете вазелин за вашата кожа.

Вашите алергии се надвор од контрола

Летото е сезона на алергии на полен, што само по себе е ноќна мора. Побарајте совет од вашиот матичен лекар за ублажување на симптомите.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top