Богато со флавноиди и антиоксиданси, грозјето е вистински избор за вашето бебе доколку е постаро од осум месеци

Потребно ви е:
– 1 до 2 јаболка (зависно од големината)
– Една рака грозје

Подготовка:
Измијте ги јаболката, исчистете ги од лушпата и од коските, а потоа ставете ги во вода да се варат околу 15 минути. За тоа време измијте го грозјето, секое зрнце пресечете го на половина и извадете ги коските.

По 15 минути варење, додајте го и грозјето и варете уште десетина минути.
Кога ќе биде готово, процедете го овошјето и ставете го во блендер. За да ја добиете саканата густина, при миксирањето додајте од водата во која се вареше овошјето.
Од водата може да направите и сок.
Совет: Ако сакате оваа кашичка да му ја понудите на бебето како појадок, во јаболката и грозјето додајте сварен ориз.



912

X