Иако критиките од родителите се нормална појава, можно е да се претера со нив, сметаат психолозите. Има многу негативни последици од растењето со родители кои постојано се склони да ги критикуваат своите деца, а често можеме да ги согледаме дури кога ќе пораснеме. Во повеќето случаи, децата не можат да препознаат дека нивните родители претерано ги критикуваат, главно затоа што мислат дека сè што прават е добро за нив.

Исто така, понекогаш дури и родителите не се свесни дека нивните прекумерни критики или одредени одлуки им нанесуваат повеќе штета отколку корист на нивните деца. Но, има и знаци кои јасно покажуваат дека личноста пораснала со родители кои биле склони на критикување и дека тоа имало последици врз нив.

Тие знаци се:

-недостиг на самодоверба и самопочит
-страв од нови предизвици
-склоност кон постојано извинување
-склоност кон перфекционизам
-неспособност за уважување на критиките од другите луѓе
-тешкотии при примање комплименти
-депресивно однесување
-склоност кон песимистички начин на размислување.

Извор



912

X