Секој родител знае колку е важно неговото дете да се храни правилно и здраво за да се развие што е можно подобро. Токму поради оваа причина, советуваат педијатрите, треба да ограничиме или целосно да отстраниме од исхраната на детето одредени намирници кои можат да му наштетат на неговото здравје.

Тоа е обично храна богата со скриени шеќери и вештачки засладувачи, кои можат да доведат до многу проблеми со здравјето на детето, како што се дебелина, дијабетес, проблеми со концентрацијата, депресија и нарушувања на вниманието.

Оттука, педијатрите наведуваат дека ова се осумте намирници што децата ги обожаваат, а всушност треба да се избегнуваат или да се намали нивната консумација на минимум:

-мусли
-гумени бонбони
-овошни сокови со додадени шеќери
-колбаси
-јогурти со вкусови
-пуканки
-помфрит
-чипс.

Извор



912

X