Додека го гледате тоа мало суштество како беспомошно лежи во креветчето, потоа се развеселувате кога првпат ќе седне, се расположувате кога првпат почнува да ползи… едвај чекате да го видите како ги прави првите чекори – да прооди!

Кога ќе видите дете како се мачи да оди, сакате да му помогнете… Но, не постапувајте така – бидејќи не му правите ништо добро.

Проодување – зошто не треба да му помагате на детето

Мудрост на телото

Во овој случај (и тоа не е ретко) бебињата навистина знаат што е најдобро за нив. Само тие знаат кога нивните зглобови се подготвени за првите чекори. Со водењето за рака и помагањето при одењето ја попречуваме нивната способност да најдат сопствена рамнотежа, да ги усвојат просторните односи и да проценат што можат, а што не можат да прават.

Одење – чувство на безбедност

Ако му помогнете на вашето дете да прооди пред да биде подготвено, му давате лажно чувство на рамнотежа и сигурност – а тоа може да биде опасно. Децата што имаат слобода на движење и се развиваат како што им одговара, учат сами и поради тоа нивното движење е побезбедно – во овој случај ќе прават помалку непромислени движења.

Навики

Ако му помогнете да оди еднаш, вашето дете ќе сака да го прави тоа повторно и повторно. Така, тоа ќе стане зависно од возрасниот и постојано ќе сака да оди токму на тој начин. Децата што немаат кој да им помогне да одат – не го бараат тоа.

Болки во грбот на родителите

Треба ли да се каже нешто повеќе?

Недостиг на преодни движења

Преодните движења се клучни за развојот и секое движење има своја цел. Кога го поттикнуваме детето да седи или да оди, веруваме дека му помагаме, но всушност му скратуваме поздрав тек на неговиот развој, кој вклучува цела низа позиции за најдобро можно држење на телото. Подоцна може да се случи детето да биде „несмасно“ затоа што не стекнало сигурност самото, уште од почетокот.

Кога ќе, кога ќе…?

Постојано ве прашуваат дали бебето се смее, седи, оди, зборува… Лесно е да заборавите да го цените она што го прават децата во моментот.
Уште од првите денови, важно е да му дадете до знаење на детето дека го цените тоа што го прави во тој момент. Клучот е да разберете дека на децата не им е потребна вашата помош за да седат, одат или кој било друг чекор од нивниот ран развој.

Едноставно бидете тука како поддршка – доволно е.

Извор



912

X