Мајка ми полудуваше кога одев боса кога бев мала. Сè уште се нервира кога ќе види дека сум боса, а јас речиси секогаш сум боса дома, без разлика на годишното време. Добро, можеби зима носам чорапи, но ништо друго.

Не поднесувам влечки кога сум дома и не ги терам моите деца да ги носат.

Кога децата се физички активни, толку многу се во патики што изгледа дека целосно сме заборавиле дека нашите стапала имаат многу важна улога која доаѓа до израз само ако сме доволно често боси. Покрај тоа, постојат докази дека одењето бос влијае врз поправилно држење на телото.

И ништо од тоа не е ново или револуционерно. Но, можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете дека има и научни докази дека подобро е за децата кога се боси. Меѓу другото, поради правилниот развој на нашиот нервен систем и функциите на мозокот. Излегува дека стапалата се дел од човечкото тело со најмногу нервни завршетоци, што значи дека имаат значаен придонес во градењето на нервните врски во мозокот. Ако обујат чевли, ја елиминирате секоја можност децата да развијат нови нервни врски.

Се разбира, грижата е таа што ги спречува родителите да им дозволат на децата да бидат боси. Најпрво се грижат дека ќе настинат затоа што „сѐ доаѓа од нозете“, потоа се грижат дека детето ќе се повреди. Но, да се биде бос всушност ни ги зајакнува стапалата, па освен ако вашите деца не шетаат боси на градилиште, веројатноста да се повредат е минимална.

Точно е дека многу педијатри тврдат дека чевлите можат да им наштетат на децата повеќе отколку да се боси. Стапалата треба колку што е можно подолго и почесто да се развиваат природно, а не според обликот на чевелот што го носи детето. Исто така, чевлите често ја ограничуваат подвижноста на стапалата и можат негативно да влијаат врз одењето, рамнотежата, сетилниот развој и проприоцепцијата (разбирање на ориентацијата на нашето тело во однос на околината).

Како и да е, самото видео подолу доволно ќе ви каже.

Извор



912

X