Сакате да ја планирате секоја минута од животот на вашето дете? Кога ќе јаде, кога ќе игра со коцките, а кога ќе црта? Ако постои една работа што е важна за детската игра, тоа е фактот дека не може да се испланира до последниот момент.
Разбирливо е родителите да сакаат да ги испланираат игрите што децата ќе ги играат кога ќе се соберат, но не постои ништо полошо од тоа да ги оставите децата мирно да цртаат и по неколку минути да се вратат и да ви кажат дека им е досадно.
Важната работа кај детските собири е дека не треба да ја испланирате секоја минута за нив. Со постојаното планирање ги уништувате сите придобивки од играта. Неструктурираната игра може да ги зголеми креативноста на детето, комуникациските вештини и самодовербата на детето – истакнува Роја Дедеаукс, семеен терапевт.
Децата мора да научат како да комуницираат, да прават компромиси, па и да се борат со чувството на досада без мешање на родителот.
Кога се обидувате да испланирате кога и со кого ќе игра вашето дете, само му го скратувате правото на детето за слободно учење низ игра. Кога ја структурирате детската игра, тука повеќе не станува збор за децата, туку за нашата идеја како детето треба да го поминува своето време.
Играњето тогаш се врти околу вас и вашите визии за играње, а детето се повлекува во себе бидејќи сака да ги испочитува вашите желби.
Планирањето на детската игра од почеток до крај може да биде многу стресно за родителите. Уште постресно е кога ќе ви дојде редот да организирате детски собири, а вие не сакате да го направите тоа. Со овој гест си ја скратувате можноста да се запознаете со други родители.
Родителите сакаат децата брзо да растат и да се развиваат, па сами си создаваат огромен притисок дека мора постојано да ги забавуваат и да ги учат своите деца. Тоа не е здраво за родителите.
Сè додека имате играчки во детската соба и неколку дополнителни активности во ракавот, спремни сте да организирате детски собири. Најдобро ќе биде да ги оставите да играат сами. Одлично ќе си поминат, тоа е загарантирано.
Автор: Џенифер Парис