Кога го чекате вашето прво дете, обидете се однапред да подготвите сè што можете. Меѓутоа, проблемот е што идните мајки често не се сигурни што навистина им треба, а што не, или се грижат да не заборават да купат нешто.

Имајте на ум дека на новородените бебиња навистина не им требаат многу работи. Она што им е најважно е да останат топли, суви и нахранети, за да не се грижите дали секој агол од куќата е подготвен за доаѓањето на бебето.

Бебешка облека

Што се однесува до облеката за бебиња, советот е да не претерувате во количините што ги купувате бидејќи малечките брзо растат и лесно може да се случи да немате време ни да му облечете на бебето сè што сте купиле.

Она што навистина ви е потребно се боди, кои ќе ги менувате барем еднаш дневно, а понекогаш и почесто. Корисни ќе ви бидат и едноделните пижами, а доколку планирате да му ги носите на вашето бебе цел ден бидејќи се практични, очекувајте да ви требаат најмалку три дневно.

Не заборавајте на чорапите за бебето, но и јакна или скафандер доколку е зима.

Она што веројатно ќе ви биде потребно во поголеми количини се памучни пелени, кои во изобилство ќе ги користите во првите денови и месеци – да ги ставите под бебето кога лежи на кревет, преку рамо кога го кревате бебето да подригне и слично. Десетина памучни пелени веројатно ќе бидат доволни за да започнете.

Би било добро да имате неколку поголеми крпи кои ќе ги користите по капење на вашето дете, а можеби и неколку мали за неговото лице.

Пелени

Кога станува збор за пелени за еднократна употреба, за почеток ќе биде доволно едно пакување пелени за новороденче, а по раѓањето на бебето ќе ви биде полесно да одредите дали евентуално ви требаат поголеми, или дали таа големина ќе ви биде доволна за некое време.

Пумпа за гради, храна за бебиња

Ако планирате да доите, не треба да купувате шишиња или пумпа за гради. Сепак, пумпата секако може да биде корисна затоа што понекогаш можеби ќе сакате да извадите млеко од вашите гради и да го нахраните вашето бебе со шише.

Кога станува збор за шишиња, ако ќе ви требаат само повремено, едно или две ќе бидат доволни за почеток.

Не купувајте однапред големи количини адаптирано млеко бидејќи понекогаш одредена формула не му одговара на вашето бебе, па затоа треба да пробате неколку различни додека не ја пронајдете онаа што ви одговара.

Козметика

Добро би било при рака да имате блага бебешка бања, крем за тело, крем за задник и чешел или четка за бебето.

Дополнителна опрема

Што се однесува до дополнителната опрема за бебиња, која не ги вклучува најосновните работи како храна и облека, ќе ви требаат:

-Автомобилско седиште
-Количка за бебиња
-Носач за бебиња или обвивка (ако планирате да го носите на тој начин).

Имајте на ум дека денес на пазарот има различна опрема за бебиња, но не ви е ни потребна во првите неколку дена. Доколку планирате да користите разни лулашки и други помагала, можеби е најдобро да ги купите откако ќе се роди бебето, за да видите што навистина ќе ви треба и ќе ви биде корисно.

Извор



912

X