Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за ослободување на родителите од надомест за трошоци за градинка на територија на општината, информираат оттаму. Одлуката е за периодот на траење на вонредната состојба во земјава.

-Први и единствени во земјата изгласавме „нула трошок“ додека дечињата седат дома, а градинките се затворени. Во време на пандемија, повторно излегуваме во пресрет на граѓаните. Нема простор за дилема кога станува збор за вакви ситуации. Централно и локално, со сите сили се обидуваме да ги намалите трошоците на семејствата во услови кога економијата на светско ниво, но и семејните буџети трпат последици од Ковид-19 – информираат од општината.

Колку ќе се плаќа за градинка додека децата седат дома? Во секоја општина посебна политика



912

X