Секоја фаза во растењето со себе носи различни интереси. Додека некои ги интересираат кукли, други се опседнати со диносауруси, трети со багери… Со години се смета дека опседнатоста со автомобили и багери е сосема нормална за момчињата, но за нив понекогаш се интересираат и девојчињата. Ако не ви е јасно зошто вашето дете толку го интересираат жолтите багери и без да каже збор го гледа цртаниот филм „Градежникот Боб“, науката има одговор кој е многу покомплексен отколку што очекувате.

Имено, за децата тие машини претставуваат нешто силно.

„На малите деца, децата од претшколска возраст, багерите им изгледаат поголеми од животот. Тоа за нив се машини со кои ракуваат суперхерои, а кога со нив си играат, имаат чувство дека контролираат нешто големо и силно“, објаснува едукаторот Кристал Паскал.

Веб-страницата Parenting Science појаснува дека фасцинацијата со градењето и инженерството кај децата може да биде многу корисна бидејќи нуди одлични можности за учење.

„Багерите се поврзуваат со рамнотежа и откривање. Машините за копање се користат и во градинарството, па така на децата им се дава можност да ги откријат мистериите што се кријат под површината и го покренуваат нивниот ум“, сметаат научниците од Универзитетот „Мичиган Стејт“ во САД.

Затоа на багерите и на другите машини со кои е опседнато вашето дете мора да гледате како на нешто што е многу повеќе од фасцинација. Тие се инструмент за учење и поттикнување на имагинацијата.



912

X