Иако хидратацијата е универзален проблем и за мажите и за жените, таа е особено загрижувачка во случајот на трудниците. Имено, голем број луѓе не пијат доволно вода, а хидратацијата во бременоста е исклучително важна и за мајката и за фетусот во развој.

Во интервју со експертот Ема Гибсон, „Women’s Health“ излезе со некои важни информации на оваа тема:

По што се разликуваат женските потреби за хидратација од машките и како тоа се менува во текот на бременоста?

Кога станува збор за зачнување/бременост/доење, постои голема разлика во потребите и многу жени се борат со хидратација во овие фази. Бремените жени треба да пијат 2-3 литри течност дневно за нивниот систем да функционира оптимално за двајца.

Зошто на идните мајки и на доилките им е потребна дополнителна хидратација?

Не се само мајките оние на кои им треба соодветна хидратација, туку и на нивните бебиња им треба. Дехидрацијата за време на бременоста може да доведе до помалку плодова вода, што може да влијае врз растот и развојот на бебето, како и да доведе до предвремено породување во некои случаи. Исто така, важно е да се фокусираме на тоа што може да се направи за да се постигне здраво зачнување, при што хидратацијата станува клучна компонента. Колку е похидрирана вашата цервикална слуз, толку е полесно спермата да патува низ неа. Добрата хидратација за време на доењето придонесува не само за снабдувањето со млеко, туку и за протокот на млеко. Кога жената е дехидрирана, млекото не тече така лесно и бебето може да биде фрустрирано бидејќи хранењето му е отежнато. Покрај тоа, постои висок ризик од маститис при доење додека е дехидрирана.

Кои знаци може да покажат дека сте дехидрирани?

Дехидрацијата во текот на бременоста е почеста. Дехидрацијата може да доведе до симптоми како што се замор, жед/суво грло и усни, темна урина, вртоглавица, запек и главоболки, како и посериозни здравствени проблеми. Пиењето доволно течности во сите фази од бременоста спречува дехидрација.

Дали хидратацијата влијае врз утринската мачнина?

Да. Кога жените се дехидрирани и не можат да пијат вода поради утринска мачнина и хиперемеза гравидарум (ХГ), лекарите може да препорачаат спортски пијалаци со високо ниво на шеќер и без хранлива вредност. Во најлош случај, може да биде потребна инфузија. Дехидрацијата обично ја зголемува мачнината, а зголеменото гадење е последното нешто што го сакате.

Извор



912

X