Навистина е слатко кога родителот го става детето в скут и заедно се лизгаат по лизгалката. Но, според американска студија, тоа не е толку безопасно, туку е поопасно отколку што повеќето луѓе би помислиле. Таквата форма на игра може да резултира со фрактура на ногата на детето.

Кога детето се лизга само по лизгалката, шансите да му запре стапалото се многу мали. Меѓутоа, кога е во скутот на родителот, вкупната тежина е поголема, а тоа придонесува за поголема брзина. Ако во таква ситуација детето заглави со стапалото на лизгалката, шансите за кршење на коската се поголеми. Покрај тоа, детето се нервира во скутот, што исто така ја зголемува шансата за повреда.

Експертите забележуваат дека 352.698 деца под шестгодишна возраст биле повредени при лизгање помеѓу 2002 и 2015 година во САД, а многу од тие повреди биле фрактури на ногата. Истражувачите ги проучувале податоците за деца до шест години и откриле дека повеќето повреди се кај деца на возраст од 12 до 23 месеци. Во 35 отсто од случаите станува збор за фрактура на потколеницата.

– Многу родители се спуштаат по лизгалката со мало дете во скутот без многу размислување. И во повеќето случаи, колку што можев да видам, тие немале идеја дека детето може да биде повредено. Речиси секогаш велат дека никогаш не слушнале за ваква повреда и дека ако знаеле, немало да го стават детето в скут – објаснува д-р Чарлс Џенисен, лекар и професор на Американскиот медицински универзитет „Карвер“.

Експертите советуваат да се избегне овој тип игра, и ако одлучат да се спуштат по лизгалката заедно со своето дете, родителите треба да го сторат тоа со голема претпазливост.

Извор



912

X