ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје и годинава, 12. пат едноподруго, учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и минатата 2021 година).

Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.

Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

Годинава на овој реномиран натпревар, на кој учествуваа 19.986 учесници од 152 земји со свои лични творби, напишани во форма на есеј на тема „Моите вредности“, училиштето го претставуваа тројца ученици: Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска и Атанас Стаматовски под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски.

Учесниците од целиот свет како и нивните ментори независно од конечниот пласман согласно одлуката на стручното жири добиваат соодветни признанија.



912

X