Малиот Онур ја напушти Клиниката за детски болести излекуван. Свечено заѕвони на ѕвончето за оздравување, или ѕвончето за чао, како што го викаат децата на клиниката, додека персоналот ги поздравуваше со аплауз.

– Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур, уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца што го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите што го победиле карциномот – напиша министерот за здравство Венко Филипче, кој го сподели видеото.

Фото: Клиника за детски болести



912

X