На 8 јануари почнуваат интересни, креативни и забавни часови кои се дел од програмата „Креативна зима со Биби и Боби“.
Секој ден ќе се обработува различна содржина, која се состои од кратко видео со главните јунаци Биби и Боби, различни активности, игри, вежби, песнички, кои специјално ги подготвивме за најмалите.
Преку оваа програма децата ќе го развиваат говорното изразување, ќе го збогатуваат речникот со нови зборови, ќе ја развиваат меѓусебната
комуникација преку изразување на своите мислења и ставови. Со насмевка на лицето ќе ги совладаат содржините што ги нуди програмата и ќе бидат побогати со низа нови знаења. Преку забава и игра ќе ги усвојуваат поставените цели и ќе развиваат позитивни лични способности, упорност, снаодливост, креативност, истрајност и слично.
Затоа ве очекуваме заедно да учиме со Биби и Боби, бидејќи учењето со нив е забавно и интересно!
Програмата е наменета за деца од 4 до 8 години
Драги другарчиња, пријавете се да бидете дел од „Креативната зима со Биби и Боби“ и дојдете да се забавуваме, да учиме преку игра, да истражуваме, да цртаме, да пееме, да се смееме, да играме, да правиме креативни изработки и, се разбира, да уживаме во дружењето со нашите јунаци Биби и Боби… Ве очекуваме!