За едно дете, идеално е да живее во хармонично семејство со мајка и татко. Идеално е секој да се согласува и примерно да ги воспитува децата. Но, идеалното и совршеното се реткости, и не треба да се стремиме кон тоа да бидеме совршени.

Факт е дека луѓето се разведуваат. Кога на тоа ќе ја додадеме уште потемната варијанта со зголемен број болести кои толку лесно одземаат животи. Веќе не е необично да се слушне дека детето живее само со еден родител.

Животот со еден родител со себе носи одредени предизвици, од двете страни на врската. Децата што растат со еден родител развиваат уникатни силни страни и квалитети кои се истакнуваат. Растејќи во таква средина, учат да се приспособат на различни ситуации, самостојно да донесуваат одлуки и да ја ценат вредноста на издржливоста.

Кога тоа детето ќе стане возрасно, овие искуства се трансформираат во уникатни квалитети кои ја дефинираат таа личност. Еве некои од нив:

Независност

Детето кое расте со самохран родител веројатно ќе развие високо ниво на независност. Ова е нешто што често се случува во самохраните семејства. Со само еден возрасен околу себе, децата често мора да преземат задолженија и одговорности кои инаку би биле поделени меѓу двајца родители. Овој ран вовед во одговорности може да ги направи овие деца посамоуверени и понезависни додека растат. Тие учат да се потпираат на себе, да донесуваат одлуки и самостојно да ги решаваат проблемите. Како возрасни, нема да имаат проблем да застанат на свои нозе и да не се плашат да го преземат водството кога е потребно.

Емпатија

Уште еден квалитет што често доаѓа од растењето во домаќинство со еден родител е емпатијата. Детето кое расте со родител кој нема партнер покрај себе лесно развива емпатија и се усогласува со емоционалната состојба на родителот и ги разбира борбите и жртвувањата на самохраниот родител, што подоцна се развива во емпатија кон другите во слични ситуации. Емпатијата ни овозможува длабоко да се поврземе со другите, да нудиме поддршка кога е потребно и да градиме силни, значајни односи. Тоа е квалитет кој не само што го подобрува нашиот личен живот, туку и нѐ прави подобри лидери и соработници во нашиот професионален живот.

Снаодливост

Растењето во семејство со еден родител често значи дека детето ќе научи да прави многу работи. Ова може да поттикне голема доза на снаодливост, и тоа се пренесува во зрелоста. Луѓето кои пораснале со самохран родител често наоѓаат иновативни решенија и размислуваат пошироко кога се соочуваат со предизвици. Снаодливоста е вредна особина во сите области од животот, вклучувајќи ги и личните односи, образованието и кариерата.

Отпорност

Растењето во дом со еден родител може да донесе многу предизвици. Може да има финансиски тешкотии, чувство на осаменост или оптоварување со дополнителни обврски. Но, надминувањето на тие пречки често води до издржливост. Многу рано детето учи дека неуспесите се дел од животот, и уште поважно, дека можете да закрепнете. Во зрелоста, оваа издржливост може значително да влијае врз тоа како се справуваме со животните подеми и падови.

Флексибилност

Често во семејствата со еден родител работите не одат според планот. Можеби родителот ќе работи до доцна или се појавил неочекуван трошок. Исто како родителите, и децата брзо учат да се приспособуваат во такви ситуации, па ја имаат оваа флексибилност дури и во зрелоста.

Благодарност

Кога како деца го гледаме нашиот самохран родител како работи напорно, се жртвува и има голема одговорност, тогаш сме сведоци на љубовта, силата и посветеноста потребни за самостојно воспитување на детето. Како што растеме, оваа свест се развива во длабока благодарност не само за нашите родители, туку и за едноставните работи во животот што многумина ги земаат здраво за готово.

Сила

Најважниот квалитет што го развиваат децата кои растат со самохран родител е силата. Овие деца за пример го имаат својот родител кој најчесто е олицетворение на емоционалната, менталната и духовната сила. Така стекнуваме сила да се соочиме со предизвиците, продолжуваме дури и кога е тешко, и никогаш не се откажуваме и ја имаме таа сила и како возрасни. Тоа го обликува нашиот карактер и ни дава моќ храбро и издржливо да се соочиме со животните неволји.

Извор



912

X