Сказната „Биби и џиновите“ од денеска е во продажба во книжарниците низ Македонија. Станува збор за една од омилените приказни на детската публика, судејќи според тоа колку прегледи има на јутјуб-каналот Биби/Bibi.

Смешните џинови од сказната „Биби и џиновите“ многу брзо им станаа омилени ликови на децата, па веќе има над 437.000 прегледи.
Автор на сказната е Билјана Црвенковска, а за илустрациите се погрижи Маја Џеповска. Ова е втора сказна од „Светот на Биби“, по „Биби, Боби и куќичката од чоколадо“.



912

X