Воспитување

Омажи се за мажот што ќе биде и најдобар татко на вашите деца

Првото нешто што го забележав кај мојот иден сопруг беше дека е згоден човек. Веднаш ни тргна: таа една магична вечер се претвори во 14 години заеднички живот, 8 пати селење, 3 деца и прекрасен живот.

Да бидам јасна: Кога влегувавме во брачна заедница, размислував колку е смешен. Колку ме поттикнуваше во мојот професионален живот. Но, оттогаш поминаа многу години и открив цела низа причини зошто сум се омажила за него. Она што требаше да си го кажам себеси кога бев заљубена и се надевав дека ќе ме запроси е следното:

Омажи се за овој човек. Омажи се за личноста што ќе појадува надвор во декември бидејќи твоите утрински мачнини се толку силни што дури и погледот на храна ти предизвикува мачнина.

Омажи се за личноста што нема да ја промени ТВ-програмата додека трае смешна емисија бидејќи знае колку ја сакаш.

Омажи се за личноста што ќе остави сè за да ти донесе колачиња додека си во осмиот месец од бременоста, а си напишала порака „Ова е итно“.

Омажи се за личноста што ќе знае како да те утеши во текот на најмрачните моменти иако не си рекла ниту збор.

Омажи се за личноста што ќе стави во рацете новороденче кое ќе изгледа така малечко, а ќе се чувствува сакано.

Омажи се за личноста што ќе ти ги избричи нозете бидејќи ти не го можеш да го направиш тоа по царскиот рез.

Омажи се за личноста што ќе ти каже дека си херој кога тоа најмногу треба да го слушнеш.

Омажи се за личноста што на „Амазон“ ќе гледа кремови за стрии, долна облека за после породување и градник за доење.

Омажи се за личноста што ќе ти донесе кафе в кревет, тој прекрасен нектар кој ни го дале боговите, по непроспиена ноќ со бебето иако не си го барала.

Омажи се за личноста што ќе издржи на неверојатно тешката работа за да се грижи за своето семејство.

Омажи се за личноста што ќе те види во тренирка и ќе мисли дека си неверојатно секси.

Омажи се личноста која обичното купување на намирници ќе го претвори во забавно излегување.

Омажи се за личноста што ќе знае што точно треба да напише во порака и смислата да ја направи длабока.

Омажи се за личноста што ќе се разбесни кога ќе прочита нешто сексистичко без разлика за кој пол се работи и сака да го промени светот покрај тебе.

Омажи се за личноста што ќе сфати дека истите пижами за Божиќ се потреба, а не само желба. Омажи се за личноста што ќе ја анализира столицата на твоето дете и распоредот на спиење, а зборува за проблемите со ист интензитет како и ти.

Омажи се за личноста што едноставно ќе знае кога ти е потребна пауза и ќе ти даде уште еден час, ден или недела без чувство на вина.

Омажи се за личноста што ќе ти каже дека се однесуваш лудо (кога, да бидеме реални, изгледаш помалку лудо):

Омажи се за личноста што ќе ја види прекрасната, смешната, неверојатната мала личност која сте ја создале заедно и ќе рече: „Ајде да го направиме ова повторно“.

Омажи се за личноста што тебе и вашето мало семејство секогаш ќе ве става на првото место, над сè.

Омажи се за личноста што ќе ја потроши тешко заработената божиќна плата на семејни работи. Омажи се за личноста што ќе се радува на твојата кариера и ќе биде најгорд навивач.

Омажи се за личноста што најдобро звучи како диносаурус додека игра со трите деца во приземјето.

Омажи се за личноста што семејниот живот го замислува како оној што ти го живееш како родител.

Омажи се за таа личност.

Автор: Елизабет Тенети

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top