Кимберли, мајка на Олив, прекрасно 2-годишно девојче со Даунов синдром, споделила видео од нејзината ќерка преку кое се надевала дека ќе внесе доза на позитивност во светот. Нејзините видеа ја покажуваат љубовта што децата со Даунов синдром ја носам во многу семејства, како и за да се поттикне свеста на луѓето за прифаќање на разликите.

На вториот роденден на Олив, нејзините родители одлучиле да ѝ купат кукла, но сакале да најдат некоја што личи на неа. Кога таа ја отворила кутијата и ја видела куклата, нејзината реакција е бесценета. Куклата е производство на компанијата „Мало чудо“, која нуди широка палета на прекрасни детски играчки, облека и мебел, како и линија на инклузивни кукли, за сите деца да видат дека се прифатени и присутни. Нивната кукла исто така има Даунов синдром и личи на Олив.

Во однос на коментарите од луѓето што велат дека мора да е многу тешко да се биде родител на дете со Даунов синдром, Кимберли одговара:

„Не е, таа е буквално совршена за нас. Таа е таква каква што треба да биде. Не гледаме на тоа како на маана. Ја гледаме само Олив. Таа е таа што е. И ние имаме чувство дека Дауновиот синдром е само малечок дел од неа. Секоја индивидуа со Даунов синдром е важна и може да се развива со поддршката и алатките што ќе ѝ бидат дадени во животот. Треба да се бориме за нив и да се осигуриме дека ќе се чувствуваат вклучени, сакани и заштитени“, заклучува таа.

Автор: Елен Шмидт

Извор



912

X