Игротека

Оксана од Украина се породи во Чаир

Убави вести ни доаѓаат од Гинекологија во Чаир – Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 грама и долго 54 сантиметри, соопшти министерот за здравство Беким Сали на неговиот профил на „Фејсбук“.

Тој додаде дека Украинката била задоволна од здравствената услуга и дека сега за неа и за бебето се грижат вработените во клиниката.

-Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува. Ѝ посакав добро здравје и многу среќни моменти – напиша Сали.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top