Воспитување

Околу овие работи секој родител мора да биде строг!

Спиење
Легнувањето в кревет е најчесто водената битка во речиси секое семејство. Родителите се свесни дека е многу важно детето да биде добро наспано и дека тоа никогаш не ќе може самото да го постигне тоа. Искуството ни покажува дека денот со добро одморено дете е многу полесен отколку ако не спиело доволно.
Следете го вашето дете, проценете колку сон му е доволно за добар одмор и потрудете се со сите сили да му го обезбедите тоа.

Убави манири

Преку манирите се изразува почит и внимание кон другите и тоа е работа од која не треба да се откажете. Колку и да ви е мачно и досадно повторувањето и потсетувањето на детето да каже „ве молам“, „благодарам“ или „до видување“, морате пошироко да гледате на работите. Вашето дете на тој начин ќе порасне во културна личност на која сите врати ќе ѝ бидат отворени.

Љубезност

Сигурно не сакате невоспитано дете кое ги малтретира другите, употребува грди зборови и смислува непријатни планови. За да спречите такво однесување, мора да влијаете уште од најрана возраст и да не покажувате толеранција на нељубезност кон кого било.
Учете ги децата секогаш да го ставаат братот или сестрата на прво место, да се грижат за него. Така ќе ги научите на внимателност, љубезност, одмереност кон сите. А овие особини се важни за цел живот.

Одговорност

Без разлика што сè ви смета во школскиот систем, домашните задачи, почетокот на часовите и слично, вашето дете не треба да го знае тоа. Важно е да го научите на одговорност и почитување на правилата што ги наметнува училиштето. Ова важи и за воншколските активности што ќе ги избере и за сите други обврски што ќе ги преземе.
За да го постигнете ова, мора да бидете строги околу стигнувањето навреме, вежбањето со одреден инструмент, но и околу грижата за сопствените работи, домашниот миленик, надоместувањето на скршените или изгубените предмети, претрпената штета и слично. Одговорноста за себе, за личните предмети и за другите лица е важна животна лекција.

Здравје

Грижата за сопственото здравје исто така е една од најважните животни лекции и вештини. Почнете од себе и со својот пример покажете им на децата како се живее здраво водејќи активен живот и одбирајќи здрава храна. Пешачете до училиштето, излезете надвор да си играте, намалете го времето поминато пред екраните, дружете се, научете се да се опуштите и слично.
Сето ова ќе ви помогне да им поставите силни темели за здрав живот на вашите деца.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top