Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против негувателка за запуштање и малтретирање на дете, инфомираат оттаму. Осомничена е затоа што во игротека во угостителски објект малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка.

-Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни повреди. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од една до десет години – соопштија во ОЈО.

Фото: принтскрин

По објавата на видеото на кое се гледа како жената му удира шлаканици на детето, таа беше приведена. За случајот е известен и Центарот за социјални работи.

На снимката се гледа како таа го удира детето, го влече по подот и насилно го седнува на столче.

Во меѓувреме, Македонската асоцијација на дадилки го осуди ова однесување и побара најостра казна за жената. Оттаму рекоа дека поради ваквите случаи, кај родителите има сомнеж дека сите дадилки, негувателки и воспитувачки се однесуваат вака и поради тоа се плашат да ангажираат дадилки да им ги чуваат децата.



912

X