Советот во Сиднеј планира да ги отстрани сите огради околу игралиштата зашто смета дека тие предизвикуваат децата да се чувствуваат „ограничено“.

Помала желба за дружење

Исто така, надлежните во Сиднеј сметаат дека оградите им оневозможуваат на децата да го искористат својот целосен потенцијал.

Тие за дневното списание „Телеграф“ објаснуваат дека оградувањето на игралиштето ги намалува опсегот и разновидноста на детските игри, а исто така ја намалува и желбата за дружење кај децата.

Идејата не помина кај родителите

Родителите сметаат дека оградите на игралиште го оневозможуваат пристапот на насилниците и ја зголемуваат безбедноста кај децата.

Исто така, тие сметаат и дека некои деца постојано трчаат и се хиперактивни, па доколку нема ограда, децата лесно би можеле да се загубат.

Сепак, Советот вели дека отстранувањето на оградите е добар потег, а што се однесува до горенаведените забелешки, тие велат дека родителите сами се одговорни за своите деца и треба да ги надгледуваат при нивното играње.

– Важно е да ги оставиме децата да бидат деца, да не ја намалуваме нивната креативност и да не се мешаме во нивниот свет – велат од Советот.



912

X