Познатиот драматург и текстописец Огнен Неделковски ќе му се придружи на тимот на „Светот на Биби“. Со своето искуство во создавање текстови за песни што публиката ги сака – детски, забавни, народни, Неделковски ќе даде голем придонес во збогатувањето на содржините од нашиот проект. Голем дел од хитовите на Тоше Проески се дела токму на Неделковски.

– Многу сум среќен што станувам креативен дел од „Светот на Биби“. Од првото појавување на Биби ми беше јасно дека станува збор за прекрасно осмислен проект за деца, создаден од млади и креативни луѓе. Со големо задоволство ги следев сите сказни и песнички на Биби, Боби и дружината и цело време потајно посакував да станам дел од тимот. Се надевам дека моето искуство од областа на драматургијата и од пишувањето стихови за музички нумери ќе придонесе за создавање интересни содржини, кои ќе бидат значаен дел од детството на сите деца – вели Неделковски.



912

X