Често нè прашуваат: Зошто сакате да ги носите децата на таков пат? Нема да се сеќаваат. А мојот одговор е секогаш ист: Секако дека ќе ги водиме. Можеби тие нема да се сеќаваат, но ние ќе се сеќаваме – вели Кајла од блогот „Вандерлосити“. Ви ги пренесуваме нејзините причини за патување со децата.

Сопругот и јас создаваме спомени со децата и можеби тие нема да се сетат на секоја авантура што сме ја доживеале, но ние ќе се сеќаваме. Сакаме да го чуваме споменот на секое патување, турбулентен лет, ново искуство, нова храна што сме ја пробале и нивната реакција кога сме дошле на ново место. Без оглед дали децата ќе се сеќаваат на тоа, ние создаваме сеќавање за цел живот на тоа кратко време поминато со нив.

Полнолетството ќе дојде додека трепнеш – нашиот постар син веќе има 7 години и многу брзо ќе дојде моментот кога ќе наполни 18. Затоа патуваме. Многу. Новите искуства се најдобрата работа што можеме да им ја овозможиме за ова ограничено време со нив.

1. Тие гледаат добро во сè

„Во авион можеме да јадеме и да гледаме цртани истовремено? Ова е најдобриот ден!“

2. Секојдневните работи им се најинтересни

За нив секој ден е исполнет со мали и големи авантури: „Слушни ја оваа сирена. Звучи различно тука!“

3. Нè тераат да застанеме

Без нив веројатно би пропуштиле некои од одличните места во градовите што ги поминуваме. Кога патуваме со децата, задолжително одиме во парковите, во малите кафулиња на топло чоколадо или лимонада, што ни овозможува да ја почувствуваме локалната атмосфера.

4. Впиваат информации како сунѓери

Кога ќе нè прашаат како се вели некој збор или израз на локалниот јазик, нè тераат и ние да го научиме. „Како се вели лисица на германски? А улица?“

5. Децата се ранобудници

Се будиме заедно со градот. Обожаваме да стануваме рано на нови места кога улиците ќе заживеат. Патувањето со деца значи да не се пропушти тоа.

6. Тие се минималисти

А не се свесни за тоа. Не им е потребно ништо луксузно – само да истражуваат, да играат и да учат.

7. Дружељубиви се

Лесно почнуваат да разговараат и да играат со други деца на игралиште. Веднаш го „кршат мразот“ и со тоа ви помагаат да запознаете мештани каде и да сте.

8. Мали се

Не им е потребно многу место и не им е потребно многу. Патувањето со деца не бара многу повеќе работи за пакување или многу поголем простор.

9. Ве сакаат

Вие сте им пример и ви се восхитуваат. Покажете им го светот додека можете.

10. Трошоците не се значително поголеми

Омилениот ручек на нашите деца? Лепче, малку сирење и овошје. Патувањето со деца е најевтино, всушност, тие ни штедат пари бидејќи за ручек одиме на пикник, а вечераме рано „на нога“.

Сегашноста е важна. Животот е краток и затоа треба да патувате колку што можете. Не стануваме помлади ни ние ни нашите деца. Затоа ќе патуваме со нив. Сè повеќе и повеќе.



912

X