Со оглед на тоа што пандемијата ги ограничува дружењата и собирањата, а повеќето родители работат од дома, семејствата имаат повеќе време за дружење со своите деца. Иако училиштата и градинките се отворени, сепак, има многу време за дружење и во текот на денот и во викендите.

Еве што можете да правите заедно со вашите деца со цел да поминете квалитетно време заедно.

1. Направете сопствена сложувалка


Направете сопствена сложувалка сечејќи ги сликите со големина А4 и побарајте од детето да ги состави делчињата. Ова може да го направите со омилениот лик од цртаните или книгите.

2. Создајте уметничко дело со помош на есенските лисја

Ања, која е популарна на „Инстаграм“ и има свој блог, покажува како со само еден или два есенски лисја може да се направат неверојатни уметнички дела со вашите најмали.

На видеото ќе видите различни начини како да го направите тоа.

3. Тргнете на виртуелно патување во музеј

Музеите, уметничките галерии и јавните простори можат да бидат посетени виртуелно. Семејствата можат виртуелно да ги обиколат заедно вклучувајќи ги Британскиот музеј во Лондон, музејот на Ван Гог во Амстердам, благодарение на „Гугл арт енд калчр“.

Еден од најдобрите е Британскиот природонаучен музеј, кој нуди самостојна турнеја виртуелно, интерактивно искуство со синиот кит Хоуп и аудиоводичи раскажани од сер Дејвид Атенборо.

5. Цртање

Цртањето е совршена активност во затворено бидејќи се потребни само хартија, боички или молив, што веројатно ги имате дома.

6. Креативно пишување

Експертите од „Планби“, онлајн-центар што го водат поранешни наставници од основно училиште, велат дека ангажирањето на децата во креативност со планирање и пишување приказна е одличен начин да се вклучат во некакво учење во релаксирано издание. Побарајте од децата да го изберат главниот лик, амбиентот и посебен предмет (магичен клуч, мапа на богатство, временска капсула) и оставете да работи нивната имагинација.

6. Гледајте документарни филмови

Д-р Аманда Гамер, основач на „Водич за добра игра“ и експерт за детска психологија, вели дека документарците се одлични за семејно гледање затоа што можат да стимулираат разговори, па дури и семејни проекти. За среќа, голем дел од нив се достапни на стриминг-платформите.

7. Направете божиќни украси

Снегулки исечени од хартија се совршени за овој период од годината, па така можете да ги вклучите вашите деца во правењето новогодишни украси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EMMA DIY (@emma.diy.crafts)

8. Готвење со децата

Готвењето со децата е одличен начин да ги запознаете со различна храна и да ги вклучите во кујната. Заедно изберете рецепт, а потоа сите направете колачи. Ако вашите деца се премногу мали за сами да готват, од нив побарајте едноставни задачи, како подавање брашно или помош во мерењето на намирниците.

9. Поглед кон ѕвездите (не ви е потребна опрема)

Дејвид Скотланд од „Аутодр ворлд дарјект“ вели дека астрономијата е фантастична зимска активност што може да се прави од вашиот двор. Потемното небо овозможува подобро астрономско гледање дури и во не толку доцните часови.

Постојат многу апликации што користат технологија што ќе ви помогне да ги препознаете ѕвездите и соѕвездијата.

Извор



912

X