Мајка која ги мразела дневните тантруми на нејзиното дете кое сакало да гледа ТВ смислила начин за да го спречи тоа, а други родители споделиле дека ја користеле истата метода.

Во месеците поминати во карантин многу од родителите се соочуваа со борбата да ги забавуваат своите деца додека се трудат да го ограничат времето поминато пред екраните. Смислувањето нови активности додека „жонглираат“ со секојдневните обврски навистина може да изгледа како невозможна мисија. А децата единствено што сакаат е да седат пред ТВ или да играат на „ајпад“.

Една мајка веќе била преморена од секојдневната борба да го тргне детето од ТВ-екранот, па го споделила нејзиното решение.

– Не можев да поднесам мојот 2,5-годишен син постојано да бара да гледа ТВ, не само наутро, туку во текот на целиот ден. Изливи на бес. Молење. Го мразев сето тоа. Па, поставив завеси за да го отстранам од видикот и од умот – освен навечер кога сите седнуваме да гледаме ТВ. Овој викенд најмногу бараше да излезе надвор во дворот, па дури и кога гледавме ТВ си играше со своите играчки наместо да зјапа во екранот – раскажува мајката.

фото извор: lizdavis/Reddit

Таа објавила и фотографија за да ја покаже привремената завеса што виси над телевизорот, кој е скриен во текот на денот. Сега, дури и кога телевизорот е повторно откриен, нејзиниот син продолжува да игра со играчките или оди надвор и е премногу зафатен за да го забележи телевизорот. Родители што исто така се соочуваат со овој проблем се согласиле со оваа идеја објавена на платформата „Редит“, а многумина од нив ги споделиле и нивните трикови во коментарите.

Еден корисник напишал: „Мојот син има 4 години. Дозволено му е да гледа ТВ само кога надвор е темно. Ова не функционира кога надвор е сончево“.

Друг корисник посочил: „Само ставете тенко ќебенце над телевизорот и кажете му на детето дека телевизорот се одмора“.

Автор: Лук Метјуз

Извор



912

X