Игротека

Одговорот на една мајка откако соседите се пожалиле дека бебето ѝ плаче: – Немам магично стапче!

За децата плачењето е начин на комуникација. Кога се гладни, жедни, кога им е студено или жешко, кога треба да им се промени пелената, тие ќе го покажат тоа преку плачење.

Герајлин Ејми Јех, мајка на петмесечно бебе, добила поплаки од нејзините соседи токму поради плачењето на нејзиното бебе.

– Здраво, дали може да ја затворите вратата кога вашето бебе плаче во текот на денот? Во моментот работиме од дома, па ве молиме да бидете повнимателни.

Она што таа го напишала како одговор допре до многумина и голем дел од интернет-корисниците застанаа зад неа.

Во белешката што таа ја напиша за соседите пишува:

– Жал ми е ако плачењето на моето петмесечно бебе ве вознемирува. Сфаќам дека сте фрустрирани бидејќи и вие работите од дома. Можеби навистина е иритантно да се слуша плачењето на бебето, но тоа така комуницира и јас немам магично стапче со кое би можела да го запрам или да направам побрзо да порасне. Јас го предупредив бебето веднаш штом ја примив вашата порака. Не сум сигурна дека ја разбра, но изгледаше многу сериозно кога ја слушна и тажно ме погледна.

Таа додаде дека со затворањето на вратата просторијата би станала задушлива, по што бебето уште повеќе би плачело. Затоа, таа предлага тие да ја затворат вратата и да носат слушалки за да ја минимизираат вревата.

– Би било добро ако не доаѓате да ѝ викате на мојата помошничка, бидејќи вашето однесување ја плаши, а и моето бебе.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top