Кутрата моја мајка. Како дете, барем еднаш дневно во текот на летниот одмор ѝ велев дека ми е досадно.

„Што да правам, овде нема што да се прави. Досадно ми е!“ Мојата мајка секогаш предлагаше кратка листа со активности што можам да ги правам кога ми е здодевно, а на кои јас неизбежно одговарав: „Мамо, тоа е глупаво и досадно!“ Но, сепак го послушав нејзиниот совет и направив една од работите од нејзиниот список, трудејќи се да скријам колку ме забавуваше нејзината „досадна“ идеја. Сега и јас сум мајка. И барем еднаш едно од моите деца, кое ќе остане неименувано, ме соочува со страшната изјава „Досадно ми е“, многу повеќе пати отколку што сакам да признаам. Постојат и други одговори, иако сите се несимпатични и некорисни, кои мајките и татковците ги користат кога на нивните деца им е досадно. Еве само неколку потенцијални одговори, поделени во категории од заканувачки до саркастични. Уживајте…

Целосно отфрлање:

-И мене ми е.
-Никој всушност никогаш не умрел од досада, знаеш.
-Драго ми е што сме си здосадиле.
-Не ми е гајле.
-Не е мој проблем.
-Само на досадните луѓе им здосадува.
-Би можел да најдеш решение за мир на Блискиот Исток. Или да пронајдеш лек за рак.
-Досадата е луксуз.
-Ох, прекрасно е да се досадуваш. За неколку секунди нема да имаш време за досада!

Нејасно заканувачки:

-Пронајди нешто што ќе правиш или јас ќе ти најдам.
-Навистина? Мислам дека ќе ги спакувам овие играчки и ќе ги подарам.
-Не постои досада, туку само досадни луѓе. Ако не сакаш да те сметаат за досаден, пронајди нешто конструктивно да правиш.
-Децата во Кина денес работат во фабрика за цигари.

Саркастично, а сепак сугестивно:

-Прави го она што го прават сите други кога малку им здосадува – кандидирај се за претседател.
-Таков е и брат ти: би требало да си играте заедно.
-Па, секогаш можеш да ја исчистиш собата.
-Можеби би можеле да одиме на концерт на „Уан дирекшн“.
-Во гаражата има гребло и метла!
-Еве четка за веце-школката.
-Обои ја куќата.
-Ох, навистина? Па, има неколку работи што можеш да ги завршиш за да ја победиш досада.
-Овде ти се боиците.

Искрено, иако пасивно-агресивни, корисни препораки како:

-Прочитај книга!
-Излези надвор.
-Оди играј со играчките во вредност од илјадници долари во својата соба.
-На врвот на креативноста си!
-Мораш да ја почувствуваш досадата за да добиеш инспирација.
-Време е за учење музички инструмент.
-Напиши извештај за тоа, за да не ти биде досадно.

Извор



912

X