Прочитајте ги петте научни причини зошто цврстата врска со бабата и/или дедото е неверојатен дар

Постои нешто навистина неверојатно во силната врска меѓу бабите и дедовците и внучињата и тоа нешто е многу поголемо од колачи и бесплатно чување деца.
Не е секогаш едноставно и понекогаш подразбира подолги патувања, но кога негуваме позитивна врска меѓу бабите и дедовците и нивните внучиња – нашите деца имаат голема корист!
Често се вели дека бабите и дедовците ги разгалуваат внуците, но сета таа дополнителна љубов не ги прави слаби, туку ги прави посилни.
Еве ги петте причини зошто цврстата врска со бабата и/или дедото е неверојатен дар:

1. Децата ќе имаат вграден систем на поддршка

Истражување од Универзитетот „Оксфорд“ открило дека децата што се блиски со бабите и дедовците имаат помалку емоционални проблеми и проблеми во однесувањето и подобро се справуваат со трауматските животни случувања, на пример, развод или врсничко насилство. Бабите и дедовците можат да дадат реално чувство на сигурност и поддршка, што им помага на децата кои поминуваат низ проблематични периоди во детството.

2. Меѓугенерацискиот идентитет ја зголемува детската отпорност

Уште едно истражување тврди дека меѓугенерацискиот идентитет или разбирањето на семејната историја може да ги направи децата поотпорни и им помага да чувствуваат поголема контрола над својот живот, дури и кога се чини дека светот е надвор од контрола.

3. Децата имаат помалку предрасуди кон постарите луѓе

Сите ќе остариме еден ден и може да се надеваме дека следната генерација нема да биде дискриминирачка кон нас. За среќа, најдобриот лек против предрасудите кон постарите луѓе е негување однос меѓу децата и нивните баби и дедовци. Според истражување кое вклучувало 1.150 белгиски деца меѓу 7 и 16 години, децата што биле блиски со бабите и дедовците покажувале помалку предрасуди кон возрасните и постарите лица отколку децата што имале слаба или никаква врска со бабите и дедовците.

4. Блиската врска со баба и дедо ги штити децата од депресија во понатамошниот период

Истражување спроведено во 2014 година покажало дека постои врска меѓу бабите и дедовците и постарите деца со пониско ниво на депресија – и за внуците и за бабите и дедовците.
За бабите и дедовците, нивната блиска врска со внуците подоцна во детството, но и на возрасна доба, ги изложила на нови идеи, а за возрасните внуци значела предност поради животното искуство и советите што ги добивале од бабите и дедовците.

5. Бабите и дедовците живеат подолго заради внуците

Науката е прилично јасна дека блиската врска на внуците со бабите и дедовците е добра за сите: децата се поотпорни, бабите и дедовците се поздрави – поради меѓугенерациската врска, сите добиваат!



912

X