Близината на татковците со децата и вклученоста во нивниот живот се многу важни за развивањето на социјалните вештини кај децата. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле колку родителското одбивање може да влијае врз социјалниот живот на детето.

– Децата што биле отфрлени од своите татковци имале поголеми тешкотии во социјалниот живот за разлика од оние што не биле. Татковците обично не се вклучени во семејните истражувања, така што многу е важно повеќе да знаеме за татковците и за тоа како тие влијаат врз пријателствата во адолесценцијата и осаменоста – вели Хио Ва Мак, водач на истражувањето.

Истражувачите врз основа на податоци од 687 семејства откриле дека одбивањето од страна на родителите го зголемува чувството на осаменост, додека исклучувањето од страна на таткото е поврзано со развивање тешкотии во социјализирањето, односно страв од интеракција со други луѓе. Сето тоа може да предизвика омраза кон себе, страв од критики и од начинот на кој ги создаваме пријателствата. Според истражувањето, пријателствата создадени во младоста се темел за идните односи. Без тие вештини креирани во младоста, тешко дека подоцна ќе се поврземе со други луѓе.

– Близината на татковците е поважна од онаа на мајката во однос на заштита на младите лица од психолошки проблеми. Тоа не значи дека секоја личност што денес нема такви проблеми имала добра татковска фигура во животот, но одбивањето од страна на таткото можело да влијае врз тоа како се доживуваме себеси, а и луѓето околу нас – вели научникот Грегори Фоско, учесник во истражувањето.



912

X