Од утре ќе има теренска вакцинација во основните и во средните училишта, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност со уставните одредби, каде што основното образование е задолжително, и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на кој било – вели Адеми.

Министерот вели дека во оваа насока ќе бидат нивните решенија, законски и подзаконски, но ситуацијата со морбилите станува алармантна.



912

X