Утре се отвора најновиот продажен салон на „Светот на Биби“ во Т.Ц. Лептокарија. Таму ве очекуваат омилените куклички, сказни, сликовници, друштвени игри, сложувалки и уште многу интересни производи.

-Се трудиме да стигнеме што поблиску до сите деца. Па така по продажните места отворени во ГТЦ, Аеродром, Кавадарци и во Битола, доаѓаме и во Карпош –Лептокарија. Во ова мало катче родителите и децата ќе можат да ги најдат сите омилени производи со ликовите од „Светот на Биби“. Ќе ве пречекаат насмеаните лица на нашите колешки, кои секогаш знаат кој производ е најдобар за возраста и развојот на вашето дете – велат од „Светот на Биби“.

Најавуваат повеќе новини, а и дека наскоро ќе се отвори уште една продавница во Струмица. Набргу за децата ќе биде достапен и Букварот со ликовите од „Светот на Биби“, кој ќе може да го најдете и во новите продажни места.Целта на производите е да едуцираат и воспитуваат и да им помогнат на родителите во овој процес. Преку нив децата продолжуваат да се дружат со омилените ликови од цртаните и кога не гледаат во екраните.

-Целата е низ цртаните да им се создаде на децата љубов кон сказните, сликовниците, игрите и знаењето. А со производите тие можат да ја развиваат таа љубов и во реалниот свет – истакнуваат креаторите на овој македонски цртан.

-Она што нè радува е дека родителите сè повеќе разбираат дека кога купуваат производи од „Светот на Биби“, вложуваат во квалитетна содржина за деца. За нас е најважна нивната доверба. Преку купувањето на производите тие придонесуваат во креирањето на следниот цртан. А ние се трудиме секој следен да биде подобар и преку него децата повеќе да научат. Па така, заедно креираме содржини кои помагаат во едукацијата на нашите деца – велат креаторите на „Светот на Биби“.

Оние што веќе имаат нешто од палетата на производи со Биби, Боби и другарчињата знаат дека со нив, покрај децата, се забавуваат и родителите. Па, ние велиме „Јееј!“ заедно со Биби за најновото катче во Т.Ц. Лептокарија!

Доколку во вашето место сè уште нема продажен салон, можете да ја посетите онлајн-продавницата svetotnabibi.mk.



912

X