Воспитување

Од утре нема полициски час. Родителите на деца до 10 години ослободени од работа додека не се отворат градинките

Од утре целосно престанува одлуката за забрана за движење и посебен режим, а од четврток со работа почнуваат угостителските објекти кои имаат тераси, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.
Од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории лица се ослободени од работа.

– Ова нема да важи за хронично болните. Отстапка за оваа одлука ќе има и за родителите кои имаат деца до 10 години за кои ќе се чека одлуката за почнување со работа на градинките. Угостителските објекти ќе работат со прецизно утврден протокол, а работата во затворените делови на локалите ќе се регулигра во наредните фази – рече Спасовски.

Одлуките се донесени според анализите на Комисијата за заразни болести, врз основа на одредени услови, одлуки со кои престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки.

Владата донесе одлука и за измена на правилата за задолжителниот државен карантин на државјаните кои се враќаат со хуманитарни летови. Имено, државниот карантин ќе се замени со домашна изолација, доколку лицата приложат ПЦР тест негативен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Македонија.

Од денеска сите лица кои се спроведени во карантин и на свој трошок да го направат тестот и да бидат упатени на домашна изолација – истакна Спасовски.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top