-Мајка: личноста која ја извршува работата на дваесетмина. Бесплатно!

-Понекогаш силата на мајчинството е поголема од природните закони.

– Радоста на мајчинството доаѓа со моментите… Издвојте време да слушате, да се смеете и да играте заедно.

– Јас сум жена. Јас сум мајка. Не сум десетка. Не сум совршена. Не носам големина број 36. Имам стрии. Понекогаш мојот дом е во целосен неред. Некогаш носам пижами. Правам грешки. Под стрес сум. Плачам. Се смеам. На крајот од денот знам дека сум среќна со моите деца. Тоа е најдоброто чувство во животот.

– Да се биде родител значи да ги сакате вашите деца повеќе отколку што некогаш сте се сакале себеси.

– Прегратката на мајката трае долго време и откако таа ќе те пушти.

– Понекогаш најмалите работи го заземаат најголемиот простор во твоето срце.

– Да се биде добра мајка не значи да се биде совршена постојано. Тоа е процес на растење во учењето што е најдобро за нејзиното дете.

– Кога си мајка, никогаш не си сама во твоите мисли. Мајката секогаш мора да размислува двапати, еднаш за себе и еднаш за нејзиното дете.

– Секогаш ќе се прашувате дали погрешно ги правите работите, но тоа значи да се биде мајка. Толку многу да се грижиш за некој друг, што едноставно сакаш да биде колку што е можно посовршен.

– Бог не можел да биде насекаде, па затоа ги создал мајките.

– Мајка: најубавиот збор на усните на човештвото.

– Не постои начин да се биде совршена мајка, но постојат милиони начини да се биде добра мајка.

– Донесувањето одлука да имате дете е значајна. Тогаш одлучувате вашето срце засекогаш да шета надвор од вашето тело.

– Никогаш нема да го разберете животот до моментот кога ќе почне да расте во вас.

– Природната состојба на мајчинството е несебичност. Кога станувате мајка, повеќе не сте центар на сопствениот универзум. Оваа позиција им ја препуштате на вашите деца.



912

X