Воспитување

Од што треба да се откажете оваа празнична сезона

Како мајки, се обидуваме сè што правиме да биде совршено. Сакаме децата да имаат одлични спомени и сакаме сè да се одвива според нашите строги планови. Празничната сезона носи големи предизвици. Си ставаме голем притисок врз себе – да реализираме многу активности и да посетиме многу места. Но, оваа година можеби е подобро да се откажеме од некои работи:

Нереални очекувања за реакциите на децата за подароците

Многумина се мачат подароците да изгледаат совршено. Но, некогаш децата не ги ценат работите кои ние сме ги замислиле за нив. Годинава можеби е подобро да не се разочарувате ако децата не се воодушевени од подароците. Деца се. Во ред е.

Обиди да се најде совршен подарок

Шопингот во празничната сезона е хаотичен, а секогаш е тешко да се најде вистинскиот подарок за секој. Едноставно не е можно. Не можете да им угодите на сите, па откажете се од таа намера.

Очекувања дека сè ќе биде совршено

Планираме пред празниците, имаме слика во умот како треба сè да изгледа, но често работите излегуваат поинаку. Но, тоа не е лошо, не е страшно ако децата некогаш се расправаат, ако отворањето на подароците заврши со кавга – едноставно тоа се нормални работи, па препуштете се на вообичаеноста од секојдневието.

Разочарување што нема да видите одредени роднини

Како и последниот период, така и годинава треба да бидеме внимателни со оглед на ситуацијата. Оние роднини што живеат подалеку нема да дојдат годинава, но тоа е во ред. Мора да прифатиме дека здравјето е најважно од сè.

Вина поради јадење премногу слатки

Дајте си пауза. Во ред е ако изедете повеќе слатки, сепак, празници се. Не прекршувајте ги традициите и убаво поминатото време поради диети. Едноставно уживајте.

Стрес за пристигнување подоцна

Грижата постојано да стигнете некаде навреме знае да биде исцрпувачка. Во ред е ако малку задоцните во текот на празниците, ако децата, на пример, се одморале пред да тргнете на гости – подобро да бидат одморени отколку да стигнете навреме.

Премногу работа

Не бидете работохолик барем за празниците. Олеснете го распоредот пред Нова година и Божиќ – заслужувате пауза по напорната година и заслужувате да поминете повеќе време со семејството.

Лошо чувство поради неприсуствување на сите активности

Не чувствувајте се лошо ако откажете некои активности. Децата се непредвидливи, па ако плановите за празниците ви се менуваат, нека се менуваат. Фокусирајте се на поминување време со семејството, релаксација и правење снешко. Не мора да чувствувате притисок и стрес дека мора да завршите низа активности кои не се ни толку важни.

Дишете длабоко и сфатете што е важно во животот.

Автор: Кристен Винијарски

Извор

Поврзани написи

To top