Во новата учебна година секое дете што посетува настава во четврто одделение во основните училишта во Општина Аеродром ќе добие бесплатен таблет.

-Предвидено е над 800 дечиња да добијат таблет. Со оваа мерка, покрај тоа што ќе значи помош за родителите и семејниот буџет, истовремено ќе се подигне и свеста за дигитализацијата и модерните предизвици. Овој проект ќе се имплементира секоја година и претставува континуиран процес што ќе им помогне на најмладите полесно да го совладаат образовниот процес – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму посочуваат дека во изминатите неколку месеци е ставен посебен акцент на инвестициите во образованието.

-Во сите училишта учениците добија смарт-табли, на покривите беа поставени фотоволтаици, а неколку други училишта добија нова фасада, проширување на капацитетите и реновирање на просториите. Најмладите се наш врвен приоритет и овие инвестиции ќе продолжат и во иднина – стои во соопштението од Општина Аеродром.

Извор: МИА



912

X