„Кога бев бремена со второто дете, пишував за разликата меѓу првата и втората бременост. Меѓутоа, набрзо научив дека тоа не е ништо… ништо во споредба со тоа кога сте бремени по трет пат“, пишува мајка на три деца

Блогерката Шанисти Ајрланд на својот блог She’s Becoming Domestic на симпатичен начин го споделила своето искуство како мајка на три деца во текот на бременоста и потоа.

„Кога бев бремена со второто дете, пишував за разликата меѓу првата и втората бременост. Меѓутоа, набрзо научив дека тоа не е ништо… ништо во споредба со тоа кога сте бремени по трет пат“, пишува мајката на три мали деца и ги додава најголемите разлики:

Читање + подготвување
Прво бебе: Ја прочитав секоја можна книга за бременост.
Второ бебе: Го прочитав секој напис за браќата и сестрите.
Трето бебе: Читав прирачници за преживување.

Облека за бебе
Прво бебе: Подготвена, комплетно нова, свежа и чиста комбинација за облекување во која го зедовме бебето од болница.
Второ бебе: Торбата за во родилиштето во целиот метеж кога поаѓавме кон болницата ја заборавивме дома. Сопругот ја донесе првата комбинација што ја најде.
Трето бебе: Оние комплетчиња што ги даваат на болница се доволно добри и чисти.

 

View this post on Instagram

 

It’s the freakin’ weeken! ? Here’s to slow mornings, massive amounts of coffee, and lovin on yo bed bugs ?

A post shared by S h a n i s t y (@shanistyireland) on

Вежбање во бременоста
Прво бебе: Пренатална јога, долги прошетки, здрава исхрана!
Второ бебе: Трчањето по првото бебе е доволно како вежба.
Трето бебе: Седам и го чекам сопругот да се врати дома. Гледањето во часовникот и броењето секунди е многу исцрпувачко.

Облека за трудници
Прво дете: Облеката за трудници е толку забавна!
Второ бебе: Иако сум бремена во комплетно различно годишно време, ја носам истата облека од минатата бременост.
Трето бебе: Не можам да ја пронајдам старата облека за трудници, а и не сакам. Ја проширувам нормалната облека додека не почне да пука по шевовите.

Слушање совети
Прво бебе: Го слушам секој совет за бременоста, мајчинството и воспитувањето од секого.
Второ дете: Се слушам себеси.
Трето бебе: Замолкнете, ве молам! Тишината е доблест.

Детски радосници – книги за спомени
Прво бебе: Прекрасната книга веќе е исполнета со забавни моменти од бременоста што сме ги искусиле во текот на тоа прекрасно патување!
Второ бебе: Прекрасна празна книга останува празна и на вториот роденден на детето.
Трето бебе: Изводот на новоророденчето нуди богатство информации.

Детска соба
Прво бебе: Детската соба изгледа совршено. Едвај чекам да дојдам со бебето дома, во прекрасната соба во која нема да стапнам следната година.
Второ дете: Го преместивме првото бебе од креветчето и додадовме неколку нови постелнини.
Трето дете: Детската градинка функционира сосема добро.

Коментари од непознати луѓе
Прво бебе: Непознати луѓе љубезно прашуваат: „Ова ви е прво бебе? Прекрасно е!“
Второ бебе: Непознати луѓе велат: „Аууу, колку се слатки заедно!“
Трето бебе: Непознати луѓе не разговараат со нас. Гледаат во првите две што трчаат како луди низ продавницата, а потоа ќе ме погледнат мене со огромниот стомак, ќе го свртат погледот и заминуваат.

Тато на прегледите во бременоста
Прво бебе: Тато е присутен на секој преглед.
Второ бебе: Тато присуствува на ултразвук во 20-тата недела од бременоста.
Трето бебе: Лекарот прашува: „Постои таткото?“

Количество љубов
Прво бебе: Те сакам со целото мое срце.
Второ бебе: Те сакам со целото мое срце.
Трето бебе: Те сакам со целото мое срце.



912

X