Од отворањето на градинките досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на коронавирусот, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра, оцени министерката и, како што рече, трендот е во согласност со епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври се регистрирани шест дечиња и 21 вработен позитивни на вирусот.

– Здравствената состојба на сите досега позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата, така што генерално здравствената состојба на децата и на вработените во градинките е добра – изјави Шахпаска.



912

X