Игротека

Од Meче до Летен Дожд – чудни имиња на децата на славните

За вкусовите не се дискутира, но ова секако се едни од најчудните имиња што актерите и пејачите им ги дале на своите деца. Трендот на необични имиња на децата го започна Ким Кардашијан со нејзината ќерка Норт (Север).
Името само по себе не ќе беше толку чудно доколку во игра не се вмеша и презимето на нејзиниот татко – Вест (Запад). Така, целосното име на ќерката на Ким гласи Норт Вест, што во превод значи Север(о) Запад. Оттогаш се чини дека започна вистинска борба на сцената за тоа кој повеќе ќе го искомплицира името на своето дете.
Кристина Агилера ја крсти својата ќерка Самер Рејн, што во превод значи Летен Дожд. Бијонсе и Џеј Зи ја крстија својата ќерка Блу Ајви, што во превод значи Син Бршлен. Имено, на Бијонсе многу ѝ се допаѓал цветот.

Пејачката Мараја Кери се заљубила во Мароко, па одлучила својот син да го крсти Марокан. Во превод малиот се вика Мароканец. И Викторија и Дејвид Бекам се одлучиле за име на место – сакале да покажат колку го сакаат градот Њујорк, па така еден од нивните синови го носи името на њујоршки кварт – Бруклин.
Актерката Гвинет Палтроу се „консултирала“ со Библијата, па синот го крстила Мојсеј, а ќерката Епл (Јаболко).
Од Библијата се префрламе во вселената. Ако сте голем обожавател на Супермен, слободно крстете го вашето дете по него. Но, актерот Николас Кејџ отишол чекор подалеку, па како огромен фан на Супермен своето дете го нарекол Кал-Ел.
Да не должиме, ова се уште некои од чудните имиња што заслужуваат да се споменат: Беар (Мечка), Пилот, Аудио, Пират, Мун (Месечина), Дрим (Сон), Фјучр (Иднина), Спароу (Врапче). Креативни се, нема што.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top