Половина од луѓето кога ќе ги прашаш што им е, велат: „Како што ми е, па види какво е времето“

„Не пуштај го детето надвор, водено е“, „Не пуштај го, студено е“, „Немој надвор, дува ветер“… Колку често слушате вакви изјави? Дури и на воспитувачите во градинка им велиме да не ги изнесуваат децата надвор оти не било убаво времето, па така тие, поради тоа што не смеат да изнесат надвор три деца, „поради времето“, не можат да ги изнесат ни другите 15. И што правиме – правиме метеопати, предупредува Урош Петровиќ, коавтор на програмата НТЦ-систем на учење и за севкупен развој на децата заедно со д-р Ранко Рајовиќ, автор на книги за деца и млади кои ги поместуваат границите во современата литература и добитник на многу награди за своите дела.

– Времето не треба да ни биде пречка за да излеземе надвор со детето или тоа да излезе. Единствениот проблем треба да ни биде што ќе облече. И готово. А не какво е времето – вели Петровиќ за Деца.мк.

Тој често престојува во Шведска. Во оваа држава речиси секој регион има различна клима, времето често е променливо, карактеристични се белите ноќи и полноќното сонце. Поради многу различности и специфичности во климата, од многу ниски температури до континентална клима – за Шведска се вели дека има 100 лица.

– Таму соработувам со наставници, лекари… Таму нема метеопати, сите цело време се надвор. А кај нас половина од луѓето кога ќе ги прашаш што им е, велат: „Како што ми е, па види какво е времето“. А тоа всушност нема никаква врска со времето, туку со нашите глави. Ние од децата правиме метеопати – вели Петровиќ.
За тоа за колку голем проблем станува збор, вели:

– Видете, третина од животот го поминуваме во сон, во спиење, значи онесвестени. И сега уште ако чекаш совршен ден за да го изведеш детето надвор, што ти останало?

За метеопат може да се смета оној човек кај кого ќе се појават здравствени тегоби при промена на временските услови.



912

X