Воспитување

Од 635 дена до 0: Колку платено породилно отсуство даваат одредени држави

Популарната страница „World of Statistics“ објави колку дена платено породилно отсуство нудат одредени земји.

Најмногу денови за породилно отсуство се нудат во државата Сан Марино, дури 635. Во исто време, оваа земја со помалку од 100.000 жители е и една од најбогатите земји во светот. Босна и Херцеговина и Албанија нудат до една година платено породилно отсуство, додека Хрватска нуди 208 дена.

На дното на листата се Финска со 56 дена и Данска, како и Велика Британија со 42 дена платено породилно отсуство.

Интересно е што САД, како една од најголемите и најразвиените земји во светот, не нудат ниту еден ден платено породилно отсуство.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top