Образование

Од 1 јануари 2020 година градинките во Нови Сад ќе бидат бесплатни

Од 1 јануари 2020 година трошоците за престој на деца во градинките во Нови Сад целосно ќе ги покрива градската управа. Родителите веќе нема ништо да плаќаат, најави градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ.

– Престојот на околу 16.500 деца во градинките во Нови Сад целосно ќе биде финансиран од градот. Сакаме на таков начин да помогнеме за пронаталната политика – изјави Вучевиќ.

Тој потсети дека државата издвојува пари за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови по повластени цени, но дека тие како локална самоуправа сакаат да се вклучат и да дадат придонес така што родителите ќе ги ослободат од плаќање надомест за чување во градинка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top