Кога мајката на новородените близнаци не можела да ги разликува своите бебиња, се обратила во полиција за помош.

„Утре треба да одам во полиција да им земат отпечатоци од прсти на близнаците за да ми кажат кој е кој“, неодамна напишала на „Твитер“ Софија Родригез (25) од Кордоба, Аргентина.

Таа на „Твитер“ објавила фотографии од нејзините 2-месечни близнаци Валентин и Лоренцо, објаснувајќи дека момчињата изгледаат малку поинаку на фотографиите, но во живо се исти.

„Никогаш не мислев дека ќе ги помешам – Валентин секогаш (носеше) сина лента, но кога сфатив дека е премала за него, решив да ја тргнам“, изјавила Родригез. Бебињата неодамна биле болни и кога Родригез ја сменила лентата на едното, дошло до конфузија. „Беше лудо“, рекла таа.

Родригез вели дека на 2 март побарала од полицијата да ѝ бидат земени отпечатоци од прстите на нејзините бебиња, но оти отпечатоците „не изгледале многу дефинирано“. Според мајката, на 15 март аргентинскиот национален регистар на лица ги идентификува момчињата преку нивните отпечатоци од прсти. Некои луѓе се обиделе да ѝ помогнат на Родригез на „Твитер“.

„Со мојот брат близнак користевме нараквица, една на левата (раката), а друга на десната страна“, гласи твитот.

Родител на близнаци напишал: „Истото бебе го избањав два пати, а на другото двапати му дадов лек. Но, го преживеаја хаосот“.

„Преименувај и почни од нула“, се пошегувало едно лице во друг твит.
Според психологот д-р Џоан А. Фридман од Лос Анџелес, авторка на „Емоционално здрави близнаци“, Родригез не е единствена во вакви ситуации.

„Идентичните близнаци изгледаат многу слично, особено на раѓање“, рекла таа. „Исклучувајќи ја разликата во тежината, нараквиците или други очигледни идентификатори, може да биде тешко да се разликуваат“, особено кога родителите се вознемирени, под стрес или ненаспани. Помагаат и знаците како што се нараквици во боја, ознаки со имиња, дупнати уши, налакиран нокт на ногата (со нетоксичен лак) или користење на доделеното седиште во автомобилот или на масата.

Автор: Елис Соле

Извор



912

X