Подарок за наставничката од нејзиниот ученик покажува дека образованието е многу повеќе од читање, пишување и математика

Наставниците денес се под голем притисок да ги научат учениците и да ги доведат до одредени образовни стандарди, почнувајќи од помлада возраст. Повеќето наставници препознаваат дека вистинското образование вклучува многу повеќе од точен одговор на тестот.

Токму приказната на Кејти Пирсон, која ја сподели на „Фејсбук“, нѐ потсетува дека во училницата се случуваат многу поважни работи отколку образованието.

Нејзиниот ученик ѝ дал неколку кесиња „зиплок“, што всушност е потсетник за она што е најважно во нејзината улога како наставник. Како што раскажува Кејти, која предава во прво одделение во основното училиште „Блу Хејз“ во Тексас, таа имала прилично лош ден кога нејзиниот ученик ѝ дал скромен, но значаен подарок.

– Денес беше прилично лош и тежок ден. Не плачам, а денес се расплакав 5 пати. Бев подготвена да се повлечам. Понекогаш или поголемиот дел од времето како наставник чувствувате како тежината на целиот свет се наоѓа на вашите рамена. Имате чувство дека ако секое дете не чита и не пишува на ниво, тогаш не сте им помогнале. Се чувствувате дека не само што сте ги разочарале учениците, туку и нивните родители, нивните наредни наставници, итн. Се чувствувате како неуспешни бидејќи не сте читале со секој ученик секој ден (што е невозможно). Имате чувство дека не сте успеале бидејќи не секој ученик покажал успех. Се чувствувате како да не треба да бидете наставник бидејќи податоците од училницата не изгледаат како податоците од училницата отспротива. Се чувствувате дека сте оставиле ученикот да не успее бидејќи не прочитал со соодветно разбирање. Ја чувствувате тежината на нивната иднина на вашите рамена – пишува таа.

Но, еден од нејзините ученици ѝ дал скромен, но значаен подарок, со што ѝ се променил цел ден.

– Но денес реалноста ме удри на крајот од денот, и тоа право в лице. Ме удри реалноста од 6-годишно дете кое држеше кутија кеси.

– Госпоѓо Пирсон, имам нешто за вас.
– Ти благодарам. За што се овие?
– Госпоѓо Пирсон, пред Божиќ рековте дека повеќе немате вакви кеси дома. Ги видов вашиот сендвич и чипсот во истата кеса. Не треба така. Плус, кога нам ни е потребно нешто, вие ни го давате. Кога ќе го изгубиме нашето лепило, можеби не сте среќни, но ни давате друго. Или кога Џо ќе си ги изеде моливите, вие му кажувате дека тоа е погрешно, но и понатаму му давате. Ни кажувате дека ако ги сакаме луѓето, треба да им покажеме. Вие велите дека вистинските лидери им покажуваат на луѓето. Јас само сакам да ви покажам.

– Да, се грижам и сакам тие да читаат, но денес сфатив дека е во ред и ако не читаат и пишуваат на нереално ниво бидејќи кога ќе ја напуштат мојата училница, тие заминуваат уште подобри отколку кога дојдоа. Во ред е моите деца да не знаат да ја раскажат книгата и да не можат да напишат текст бидејќи тие заминуваат од училницата со нежно срце. Секако, на светот му се потребни подобри читатели и писатели… но на нашиот свет навистина му се потребни помеки срца, желни срца и срца со волја. На нашиот свет му се потребни деца кои повеќе набљудуваат и учат од него. На нашиот свет му е потребно повеќе сочувство. Така што, моите деца можеби не се на исто ниво кога ќе ја напуштат училницата и мене, но тие заминуваат знаејќи дека можат да бидат подобри и имаат потенцијал да го направат светот подобар.

Да се биде наставник е многу повеќе отколку само да им се помогне на децата да развијат училишни вештини. Посветените наставници се грижат за цело дете – и за главата и за срцето.

Порадо би сакала мојот клас да замине со срце што ги сака другите отколку со способност да чита. Бидејќи овие кеси ми значат многу повеќе отколку високото ниво на целото одделение. Секој може да ги научи да читаат, но не секој може да ги научи да се грижат.

Наставниците имаат огромно влијание врз учениците. Колку повеќе деца ќе научат да се грижат за другите и тоа да го покажат преку добри дела, толку подобар ќе биде светот за сите нас.



912

X