Денес луѓето работат подолго од кога било претходно, па како резултат на тоа родителите што работат поминуваат помалку време со своите деца во домот. Многу деца не сфаќаат зошто родителите поминуваат толку време на работа и затоа може да се однесуваат лошо – со цел да го привлечат нивното внимание.
Наместо да ги карате децата, треба да се ставите на нивно место. Еве што можете да се обидете да направите за на децата да им дадете до знаење што правите со вашето време.

1. Однесете ги децата на работа
Голем број компании организираат забавни денови во канцеларијата и им дозволуваат на родителите да ги донесат своите деца. Не само што децата ќе се запознаат со работната средина на нивните родители туку и ќе научат од каде доаѓаат парите за облека, училиште, храна итн.

2. Дајте им на вашите деца да ги видат сметките
Децата уште на рана возраст треба да знаат дека електричната енергија и водата не се бесплатни. Не е случајно тоа што светилката свети кога ќе ја вклучите или што водата тече кога ќе ја пуштите чешмата.
Овие ресурси имаат цена. Родителите можат да им покажат на децата како ги плаќаат сметките и да им ги објаснат сите семејни трошоци. Со текот на времето децата ќе го ценат сето она што им е достапно.

3. Испланирајте го следното семејно патување со вашите деца
Наместо вие да го испланирате патувањето, зошто да не го споделите тоа со вашите деца? Патувањето не мора да биде во странство, доволно е викенд-патување. Покажете им ги чекорите за планирање, работите што треба да ги направите, работите што треба да ги носите со вас и слично. Дајте им до знаење на децата дека патувањата не се бесплатни и дека најважен е буџетот за какво било планирање. Набрзо децата ќе научат да размислуваат слично како вас и да бидат емпатични.



912

X