Познатата нутриционистка Линди Коен е мајка на момче и признава дека пред неговото раѓање живеела во блажено незнаење за реалноста на мајчинството. По само 30 дена „мајчински стаж“ таа одлучи да сподели некои работи што успеала да ги научи.

1. Вашиот свет ќе станува сè помал – најмногу ќе се движите помеѓу каучи, тоалети и фрижидерот – но ќе биде многу побогат.

2. Никогаш нема да се плашите повеќе од тоа да одите во тоалет отколку кога треба да одите во веце првпат за да можете да ја напуштите болницата. Исто така, во догледна иднина ќе избирате исклучиво црни гаќички.

3. Омилени гости се оние што носат храна и чашата и чинијата ги ставаат во машината за миење садови.

4. Ќе откриете сила за која не сте знаеле дека ја имате и стравови за кои не сте знаеле дека постојат.

5. Вашето новороденче ќе спие и покрај сирените од автомобилот и алармите за пожари, но ќе ги отвори очите веднаш штом вие ќе ги затворите вашите.

6. Ќе се споредувате. Вашиот сон. Вашето бебе. Вашето тело по породувањето.

7. Не постои ништо слично на телото по раѓањето на бебето. Надуен стомак, надуени гради, протекување на млекото, губење на косата и тело со кое и понатаму учам да се гордеам.

8. Ќе ви треба диплома за да го совладате приватното доење под ткаенина – на крај, ќе се откажете од таа идеја.

9. Мислевте дека жедта по мамурлакот е неопислива, сè додека не ја искусите жедта предизвикана од доењето.

10. Ќе сфатите дека најситното тело може да се вовлече најдлабоко во вашето срце.

11. Нема да сакате да спиете како бебе, туку како вашиот сопруг.

12. Без оглед какви се вашите очекувања во врска со мајчинството, ќе треба да се приспособите на реалното искуство.

13. Ќе се прашувате зошто сите толку многу се фокусираат на епидуралната анестезија за време на породувањето кога не постои епидурална за немилосрдноста на мајчинството.

14. Друга работа што е немилосрдна е вашиот глад додека доите.

15. Вашиот мочен меур ќе добие натчовечки особини.

16. Содржината на фотографиите во телефонот ќе се промени преку ноќ. Од необични селфи-фотографии или фотографии со храна, до фотографии од бебе во кое постојано ќе гледате откако заспие.

17. Понекогаш ќе се чувствувате како да служите само за снабдување на потребите на вашето дете и дека сте занемарени и потценети.

18. На потешкиот начин ќе научите дека никогаш не треба да воспоставите контакт со бебе кое речиси заспало.

19. Ќе гледате стари фотографии и ќе се прашувате зошто толку си го мразевте телото пред да останете бремени. Тоа ќе ве научи да си го цените ова ново тело што го имате. Тоа не е украс – во него пораснало вашето бебе.

20. Ќе имате застрашувачки мисли и сериозна анксиозност. Ова е нормално во 21. Ќе се чувствувате лошо затоа што не одговарате на добронамерните пораки на луѓето, додавајќи на вашиот ментален товар.

22. Ќе се чувствувате кршливо и кревко, но никогаш посигурни за некои работи. Слушајте ги вашите инстинкти.

Извор



912

X